Петок, 10 Април 2009 20:34
Новите членови на Советот на општина Гевгелија избрани на последните локални избори одржани на 22 март, следната недела ќе го верификуваат својот четиригодишен мандат.
Повеќе: Советот на општина Гевгелија во нов состав од идната недела
Среда, 08 Април 2009 05:45
Вторник, 07 Април 2009 16:59
Согласно Законот за празници на Република Македонија, 8 Април (среда), Меѓународниот ден на Ромите, е неработен за граѓаните припадници на ромската заедница во Македонија, се вели во соопштението.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на сите граѓани припадници на ромската заедница им го честита празникот.
Вторник, 07 Април 2009 06:13
Вторник, 07 Април 2009 06:00
Еден сиромав човек слушнал дека на празникот Благовец небото на полноќ се отворало за миг и дека оној што ќе го видел небото отворено можел да посака од Господ се и сешто. Така, вечерта спроти Благовец, сиромавиот чекал и небото навистина за миг се отворило. Тогаш сиромавиот се прекрстил и рекол:
Понеделник, 06 Април 2009 19:46
Вчера Македонија гласаше за избор на шеф на државата и градоначалници на општините и за прв пат по 18 години од независноста на државата и практикувањето на локалните избори доминантна победа на своето конто однесоа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија, Богданци и Дојран, а слична е состојбата и во другите општини каде се прегласуваше вториот изборен круг од Претседателските и Локалните избори 2009.
Повеќе: Јужните општини од Македонија се определија за кандидатите на позицијата
Петок, 03 Април 2009 17:28
Полициската станица од Гевгелија поднесе кривична пријава против Ѓ.К. (45), претседател на Управниот Одбор на Трговското Друштво ’’Солун 2001’’ А.Д. Гевгелија, како и против В.С.(45), Н.П.Н.(37), Н.В.(63) и Н.П.(65), членови на управниот и надзорниот одбор во истото друштво, за сторено кривично дело ’’злоупотреба на службената положба и овластувања’’.
Петок, 03 Април 2009 17:23
Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Н.Ц.(28) и Г.М.(28), двајцата од Гевгелија, за сторено кривично дело ‘’неовластено поседување и пуштање во промет на наркотични средства и психотропни супстанци’’.
Вторник, 31 Март 2009 13:53
Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија ја продолжува соработката со Специјалниот Завод во Демир Капија со донирање на облека и обувки.
Повеќе: Донирани илјада килограми облека за специјалниот завод во Демир Капија
Понеделник, 30 Март 2009 19:20
Премиерот Никола Груевски денес постави камен темелник за нова спортска сала наменета за учениците од основното училиште "Кирил и Методиј" во Стојаково.
"Салата ќе биде готова за 6 до 9 месеци" им порача Премиерот на корисниците, децата ученици и образовниот кадар од оваа населено место. Ова е од проектот на Владата на РМ за изградба на 145 спортски сали од кои три се планирани за општина Богданци и тоа во средното општинско училиште "Богданци", во основното училиште "Петар Мусев" и во ОУ "Кирили и Методиј" во Стојаково.
Понеделник, 30 Март 2009 15:49
Со реализирани 100 крводарувања во животот Боро Костов и Никола Чириќ од Гевгелија се здобија со јубилејно признание од Црвениот Крст на Република Македонија. Заедно со признанието, долгогодишниот спонзор и поддржувач на овие химани луѓе, Негорските Бањи од Гевгелија им врачи пригодни награди, дрес од Кире Лазаров, рачен часовник и ДВД.
Повеќе: Благодарници и признанија за 100-тина активни крводарители од Гевгелија
Сабота, 28 Март 2009 12:30
Земјоделците од Гевгелија, Богородица, Миравци, Негорци и Прдејци од почетокот на неделата започнаа да ги пријавуваат штетите од минатонеделното невреме од дожд и снег и досега над 190 земјоделци доставиле пријави во Општинската администрација.
Најмногу штета со констатирано 90% уништени раноградинарски посеви има во реонот на Богородица, каде досега пријави доставиле 120 земјоделци. Во локалните канцеларии на Општината, кои се отоворени во Миравци, Прдејци, Негорци пријави има од страна на 50-тина граѓани и уште 20-тина земјоделци од Гевгелија.
Повеќе...
- Од недела летно сметање на времето со поместување на стрелките за 1 час нанапред
- Сараевскиот бенд Црвена Јабука со нов албум Волим Те
- Гевгелиско Богданскиот регион по невремето посетен од министерот за земјоделие
- Мирно и без проблеми гласањето во Гевгелија и регионот
- Избирачкиот список и на интернет сајт
Лист 27 од 32

















