Вторник, 31 Март 2009 13:53
Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија ја продолжува соработката со Специјалниот Завод во Демир Капија со донирање на облека и обувки.
Повеќе: Донирани илјада килограми облека за специјалниот завод во Демир Капија
Понеделник, 30 Март 2009 19:20
Премиерот Никола Груевски денес постави камен темелник за нова спортска сала наменета за учениците од основното училиште "Кирил и Методиј" во Стојаково.
"Салата ќе биде готова за 6 до 9 месеци" им порача Премиерот на корисниците, децата ученици и образовниот кадар од оваа населено место. Ова е од проектот на Владата на РМ за изградба на 145 спортски сали од кои три се планирани за општина Богданци и тоа во средното општинско училиште "Богданци", во основното училиште "Петар Мусев" и во ОУ "Кирили и Методиј" во Стојаково.
Понеделник, 30 Март 2009 15:49
Со реализирани 100 крводарувања во животот Боро Костов и Никола Чириќ од Гевгелија се здобија со јубилејно признание од Црвениот Крст на Република Македонија. Заедно со признанието, долгогодишниот спонзор и поддржувач на овие химани луѓе, Негорските Бањи од Гевгелија им врачи пригодни награди, дрес од Кире Лазаров, рачен часовник и ДВД.
Повеќе: Благодарници и признанија за 100-тина активни крводарители од Гевгелија
Сабота, 28 Март 2009 12:30
Земјоделците од Гевгелија, Богородица, Миравци, Негорци и Прдејци од почетокот на неделата започнаа да ги пријавуваат штетите од минатонеделното невреме од дожд и снег и досега над 190 земјоделци доставиле пријави во Општинската администрација.
Најмногу штета со констатирано 90% уништени раноградинарски посеви има во реонот на Богородица, каде досега пријави доставиле 120 земјоделци. Во локалните канцеларии на Општината, кои се отоворени во Миравци, Прдејци, Негорци пријави има од страна на 50-тина граѓани и уште 20-тина земјоделци од Гевгелија.
Среда, 25 Март 2009 20:38
Повеќе: Од недела летно сметање на времето со поместување на стрелките за 1 час нанапред
Среда, 25 Март 2009 07:45

Членови на бендот Дражен-Зијо, Златко-Злаја, Дражен, Аљоша, Дарко, Даниел, Дамир, Марко и Кресимир со шеснаесети по ред албум со наслов ВОЛИМ ТЕ. Црвена Јабука е бенд кој постои од 80-тата година, за бендот како што зборуваа свират „НЕКИ ДЕЧАЦИ“ почнаа нешто што се слуша и ден денес. Тие се состануваат на исто место слушаат иста музика и сакаат „ИСТЕ СТВАРИ“
Повеќе: Сараевскиот бенд Црвена Јабука со нов албум Волим Те
Понеделник, 23 Март 2009 22:03
Понеделник, 23 Март 2009 21:06
Општинската Изборна Комисија ги даде следниве неофицијални резултати:
Повеќе: Мирно и без проблеми гласањето во Гевгелија и регионот
Сабота, 21 Март 2009 16:34
За сите оние кои сакаат да проверат дали се на избирачкиот список или не се сигурни каде ќе гласаат можат тоа да го сторат и на интернет страницата http://izbirackispisok.gov.mk. Во рамките на активностите од проектот „Домашно набљудување на Претседателските и Локалните избори 2009“ Граѓанската асоцијација МОСТ одржа КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИ.
Сабота, 21 Март 2009 07:34
Почитувани пријатели, ни испрати на мејл Главениот и одговорен уредник проф. Др. Владимир Трајковски.
- Со задоволство сакам да ве информирам за уште една успешна индексација на нашето списание „Дефектолошка теорија и практика„, а тоа е во HINARI, датабаза на Светската здравствена организација. И покрај финасиските проблеми со кои се соочува списанието (читај главниот и одговорен уредник) ние успеваме да му дадеме меѓународна препознатливост на истото и да го индексираме во значајни датабази од кои нашиот факултет и држава ќе имаат голема корист. Најискрено се надевам дека Министерството за образование и наука цврсто ќе застане финансиски да го поддржи ова значајно списание заедно во спрега со Деканатот на ФЗФ како издавач. Само се плашам да не остане мојата надеж.
Повеќе: Уште една успешна индексација на списанието „Дефектолошка теорија и практика„
Петок, 20 Март 2009 21:43
Ксантика е една од најсветлите обележја на старомакедонските народни обичаи, која со својата волшебна моќ ги обединувала душите на Македонците во заедничките стремежи за опстанок и подобар живот.
Петок, 20 Март 2009 00:00
Секој човек отспива една третина од неговиот живот ,од тоа 4-5 години сонува пријатни или непријатни сонови .Научниците имат докажано дека жените повеќе сонуваат од мажите,а возрасните повеќе од децата.Сонување во боја имаат луѓето со уметничка душа, а црно-бело сонуваат просветителите.
Од недамнешни откритија ,соновите говорат со шифрирани пораки кои нашата потсвест сака да ги пренесе на нашата свест.Да ги анализираш и дешифрираш своите сонови,и да ги употребиш во решавање на секојдневните проблеми,да ги запознаеш своите психички процеси значи воедно да живееш во хармонија со самиот себе.
Повеќе...
- Скандалозната Северина со ново видео
- УСПЕШНА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА МЕЃУ ГЕВГЕЛИЈА И БОЈМИЦА, Р. ГРЦИЈА
- Повик за објавување на трудови во Дефектолошка теорија и практика 1-2 за 2009
- Не, не е ова ОК Корал ова е на самиот влез во Гевгелија
- Две победи на Битолчанецот Христијан Илиовски на 2-та трка за источноевропскоиот мотокрос шампионат
Лист 27 од 32
















