Вторник, 23 Март 2010 13:49
Поставување јарболи во повеќе градови низ државава, е со иницијатива на Владата, а целта е главниот симбол на Македонија и на македонскиот идентитет, македонското знаме да биде основно обележје за секој град.
Денес во центарот на Гевгелија е поставен ист таков јарбол пред очите на гевгелиската јавност.
На поставувањето на јарболот присуствуваа и градоначалникот на општина Гевгелија г-динот Иван Франгов и директорот на ЈП „Комуналец“ Горан Гаврилов.
Понеделник, 22 Март 2010 20:02
Сервис За Перење Алишта како резултат на се подинаминото живеење во општеството и се по малку време што и останува на скоро секоја домаќинка за завршување на домашните обврски. Целта на сервисот е да и помогне ослободи барем од една - вработената домакинката која по завршувањето на работата ја очекуваат и други многубројни домашни обврски. „Во Сервисот За Перење Алишта, Вие сте во прв план. Немојте да го трошите Вашето драгоцено време бидејќи сме сигурни дека сте способни да го искористите на покреативен начин. Дозволетени ние да Ви помогнеме во тоа. Вие само јавете се а наша обврска е да дојдеме да ги преземеме алиштата, да ги испереме, да ги исушиме, да ги испегламе доколку е потребно и да ги вратиме во рок од два дена на вашата адреса“ - велат во новиот Сервис За Перење Алишта.
Повеќе за овој сервис ќе дознаете на веб сајтот http://gorg.com.mk.
Сабота, 20 Март 2010 06:55
Сабота, 20 Март 2010 06:52
Петок, 19 Март 2010 06:57
проста и строга македонска песна..“
ЈОУ Дом на култура “Македонија“-Гевгелија по четврти пат ја организира Манифестацијата “Златните раце на македонската жена“. Содржини на Манифестацијата : Настап на Распеани гевгеличани, Изложба на македонски стари ракотворби, посна велигденска трпеза, Ревија на оригинални носии, рецитатори - Драмско студио “Огледало“ при Дом на култура, Народен обичај “Ѓура Мара“- КУД “Танец“- Миравци, солисти на македонски староградски песни и концерт на Ансамбл на народни инструменти- Центар за култура “Бели Мугри“-Кочани.
Манифестацијата ќе се одржи на 31 Март ( среда) во Хотел “Пелагонија“ со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.
Недела, 14 Март 2010 07:58
Во Вторник на 16 Март со почеток во 19 часот во хотелот Аполонија во Гевгелија ќе се оддржи третиот по ред концерт во класична музика од Манифестацијата Гевгелиски Музички Моменти. “Концерт за две пијана“ на кој со програма од Ljubomir Brangjolica , George Gershvin и Darius Mijo на две пијана ќе свират професорите од Факултетот за Музичка Уметност Валери Стефановски и Јовица Каровски. Фондацијата Аполонија која е главен покровител на овој настан, кој е воедно подржан и од Министерството за култура, Ве поканува да бидете дел од овој насекојдневно културно случување.
Четврток, 11 Март 2010 19:50
Новопечената бугарка Спаска Митрова и денеска собра дузина новинари од бугарските медиуми,откако пред извесно време еден чисто бракоразводен случај успеа да го издигне на ниво на меѓудржавен проблем.По неколку денови брак со својот сопруг Војислав,таа си ја зеде својата ќерка,замина во својот дом и не му дозволуваше на таткото на нејзиното дете да се гледа со својата ќерка.
Среда, 09 Декември 2009 14:25
Информатор на фондацијата Аполонија бр22 (кликни), со кој сакаме граѓаните на Гевгелија и пошироко да бидат информирани за сите активности на фондацијата кои истовремено се неодвоив дел од целокупниот живот на Општината Гевгелија и напори за негово подобрување. Овој информатор излегува еднаш месечно
Понеделник, 08 Март 2010 14:51
Оваа сабота и недела во спортската сала 26 април во Гевгелија се одиграа натпреварите од четвртфиналната група Д во рамките на Купот на Македонија во ракомет за жени.Првиот ден екипата на домаќинот Гевгелија ја совлада екипата на Ѓорче од Скопје со 30:24,додека прилепчанките Жито Прилеп беа поуспешни од екипата Кастратовиќ од Скопје,совладувајќи ги со 28:23.
Повеќе: Гевгелиските ракометарки полуфиналисти во ракометниот куп
Понеделник, 08 Март 2010 14:41
Денеска е 8 Март,меѓународен ден на жената.Точно пред сто години,на денешен ден,1910 година,на втората конференција на жените –социјалисти се донесе одлука Осми март да се прогласи за Меѓународен ден на жените.Иницијативата ја даде Клара Цеткин,во сеќавање на демонстрациите на Американките од Чикаго,кои на овој ден 1903 година бараа да добијат право на глас во политичкиот живот.
Денес жените го имаат тоа право,еднакви се со мажите на сите полиња,незаменлив дел се од воспитувањето на децата во семејствата,успешни се директори,бизнисмени,раководители,уметници,културни и спортски работници.
Сабота, 06 Март 2010 06:32
Ги покануваме вљубениците во театарската уметност да го посетат овој несекојдневен и прекрасен настан.
Четврток, 04 Март 2010 21:20
На 04.03.2010 во хотел „Нар“ се одржа 12 Поетско-музичка вечер „За тебе љубов моја“. Во организација на Библиотеката од Гевгелија пред многубројната публика и оваа година беа презентирани стихови и песни од роднокрајни автори. На манифестацијата беа доделени и наградите од литературниот конкурс што го распиша Библиотеката .
Повеќе...
Лист 5 од 32
















