Понеделник, 28 Јуни 2010 12:48
„Вино – Европски искуства и македонски можности“. Конференцијата ја отворија грчкиот амбасадор во Македонија, Александра Пападопулу, и словачкиот в.д. амбасадор Роберт Кирнаг кои зборуваа за приоритетите на нивните држави во надворешната политика и проширувањето на ЕУ.
Понеделник, 28 Јуни 2010 12:47
На конференцијата зборуваше независниот експерт и долгогодишен претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Славе Ивановски, зборувајќи за енергетската политика на Македонија и што е она што треба да се направи, ги нагласи недостатоците на законските одредби кои се однесуваат на енергетиката и енергетската ефикасност. Според него, освен законските, постојат и административни пречки за постигнување енергетска ефикасност во Македонија, односно високиот паричен надоместок потребен за трансформација на земјоделското во индустриско земјиште, како и лошите технички можности односно слабата напонска мрежа која не може да издржи повеќе производители на струја.
Повеќе: Енергетска ефикасност – европски искуства и македонски перспективи
Понеделник, 28 Јуни 2010 12:44
Конференцијата ја отворија Словачкиот амбасадор во Македонија, Роберт Кирнаг кој зборуваше за приоритетите на неговата држава во надворешната политика и проширувањето на ЕУ.
Јан Баршвари, експерт од Словачка, ги пренесе искуствата од проектот за поддршка на подготовката на ИПАРД во неговата земја: „Многу е важно што започнавте со искористување на средствата од ИПАРД програмата пред да ги започнете преговорите.
Повеќе: Земјоделство – европски искуства и македонски перспективи
Среда, 16 Јуни 2010 16:26
Помина уште една разочарувачка сезона за ФК Кожуф. Иако на почетокот со многу ветувања за успех, сепак на крајот речиси ништо не беше исполнето. Да почнеме од почеток за тоа како се движеа резултатите во ФК Кожуф.
Среда, 16 Јуни 2010 16:21
О р г а н и з и р а
Недела, 13 Јуни 2010 23:19
Повеќе: Факултетот за туризам и логистика останува во Гевгелија
Четврток, 10 Јуни 2010 05:38
На 01 јуни 2010 година во траење од 10:00 часот до 17:00 часот во просториите на Центар за поддршка на НВО-Гевгелија Младинскиот клуб „БУМ“ организира работилница во рамки на проектот „Слушнете го НАШИОТ ГЛАС“ финансиран од МОФ. Целта на работилницата беше средношколците да формираат структура на младинското тело и да изработат програма за работа и акционен план на дејствување на младинското тело. На работилницата присуствуваа 20 средношколци. Работилницата ја водеше г-дин Марио Вељковиќ.
Петок, 04 Јуни 2010 05:21
Овој концерт е насловен Гевгелиски музички таленти, и во него учество ќе земат учениците од ОМУ Васо Карајанов од Гевгелија кои свират флејта во класата на проф. Сузана Стефанова, и со пијано придружба на Соња Јованова. Програмата Гевгелиски Музички моменти 2010 за гевгелиската публика ќе продолжи од Септември со уште 9 концерти на класична музика со склоп на “Гевгелиска музичка есен 2010“.
Во прилог Ви ја праќаме програмата за концертот и биографија од проф. Сузана Стефанова.
Сабота, 29 Мај 2010 16:47
Известување од студентите на Факултетот за Туризам и Бизнис Логистика-Гевгелија,до општина Гевгелија и сите граѓани. почитувани: ние студентите на истоимениот факултет сме запознаени со одлуката на советот во врска со давањето на Пионерски Дом на користење на факултетот,така да нашите информации во врска со тоа не се невистинити, ни шпекулации, и петицијата која ја покренавме е аргументирана. Имено незнаеме дали вие сте запознаени со одлуката на Универзитетскиот Сенат на 34 тата седница донесена на 13.05.2010год. Одлуката ви ја објавуваме и во истата ќе видете дека од наредната година студентите ќе се запишуваат во Кавадарци на студии, до создавање на просторни услови во Гевгелија. Целта на нашата петиција е да ги натераме одговорните луге во општина Гевгелија и во деканатот на факултетот седнат и кажат која е вистината за факултетот, и да најдат заеднички јазик, компромис околу евидентниот проблем, за во интерес на сите сегашни и идни студенти, и сите родители и граѓани на општина Гевгелија, факултетот остане и продолжи да работи во нашиот град.
Ви благодариме,
Трибина Активно учество на младите во процесот на донесување на одлуки и остварување на своите права
Петок, 28 Мај 2010 00:00
Петок, 28 Мај 2010 00:00
Повеќе: Со европските фондови до поквалитетна животна средина
Повеќе...
Лист 1 од 32

















