Националната установа, Музеј Гевгелија лоцирана на најпознатата улица (Маршал Тито) во Гевгелија.
Музејот е сместен во адаптивна зграда која е изградена во 1900 година. Тој поседува богата и специфична археолошка збиркакоја денес брои над 4500 музејски предмети. Дел од репрезентативните експонати се изложени во постојаната археолошка поставка „Вардарски Рид со околните наоѓалишта“. Таа поставка содржи околу 350 предмети, кои потекнуваат од епохите на Неолит (4500 год.пред нашата ера), Доцното бронзено време 1300-1100 год. пр. н.е., Железното време 1000-500 год. пр. н.е., Предримскиот период, односно времето на македонскиот империјализам 500-168 год. пр. н.е. и римскиот период од крај на II до IV век н.е. Градот Гевгелија се наоѓа во самото средиште на праисториска Пајонија и античката област Амфакситида со нејзината централна населба Гортинија (Вардарски Рид). Цело ова богатство, кое е дел културното наследство на Гевгелија и Република Македонија можете да го видите секој работен ден од 08-16 часот, во изложбените сали на Музеј Гевгелија.
| < Пред |
|---|



