На 8 и 9 јуни во Ријека, Хрватска, ќе се оддржи Регионалната конференција за европските интеграции и обезбедување на јавни услуги на која ќе земат учество општини од седум балкански држави. Република Македонија на оваа Регионална конференција ќе ја претставуваат општините Гевгелија и Брвеница, кои од страна на УНДП се посочени како најуспешни урбана и рурална општина во делот на спроведување на децентрализирани јавни услуги во Македонија.
Организатори на конференцијата е УНДП и СНВ –Холандска развојна агенција, во рамките на регионалниот проект за зајакнување на капацитетот на локалната самоуправа.
Општина Гевгелија во Ријека ќе ја презентира градоначалникот Иван Франгов со Стратегијата за оддржлив развој на општината, под наслов “Значењето на изработката на стратешките документи за развојот на една општина – случај Гевгелија”. На конференцијата, исто така, ќе се презентираат и општините Инџија од Србија, Вараждин од Хрватска и Добој од Босна и Херцеговина. Покрај ова, предвидено е овие општини да разменат искуствата за главните препреки за подобро обезбедување на децентрализирани јавни услуги и да ги идентификуваат приоритетните проекти за финансирање, вклучувајќи и пилот иницијативи на локално ниво во оценетите општини. Во прв ред, услугите кои најдиректно придонесуваат кон Милениумските развојни цели, и тоа, за снабдување со вода за пиење, основно образование, управување со отпад и постапување со отпадни води.
Кабинет на Градоначалникот
на општина Гевгелија
www.gvg.com.mk

| < Пред | Следно > |
|---|
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.