Понеделник, Септември 06, 2010
   
Text Size

Посета на министерот за економија Фатмир Бесими

Министерот за економија во владата на република Македонија,Фатмир Бесими доаѓа со своите соработници- државниот секретар Катерина Костевска и државниот советник во министерството Исмаил Ебиби во среда на 19 август во Гевгелија.При оваа посета Бесими,соработниците и раководителите на секторите во министерството за економија ќе имаат во мотелот Вардар работна средба со претставници на стопанскиот сектор од нашата општина. Се очекува тие да ги изложат своите видувања на состојбите во бизнис секторот, состојбата во домашната економија,проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење и начинот на кој може министерството да помогне тие да се решат.По завршувањето на разговорите,министерот со својот домаќин,градоначалникот на Гевгелија,Иван Франгов,ќе посетат некои од стопанските капацитети во општината кои успешно работат и во ова тешко време.   www.gvg.com.mk
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.

Илиев Пром

10м2 монтажен киоск

info: 078323633

Простор за Ваша реклама

Простор за Ваша реклама

English German Greek Italian Albanian Macedonian

GVG Song of the week

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

32 133 ^ 1641'
Гевгелиско Културно Лето 2010

 

 

 

 

ЈУЛИ

23.07. 2010      ФОЛКЛОРНИ МЕРИДИЈАНИ                                                             
                         настапуваат КУД„Н. Ш. Зрински“ Пертијевци, Хрватска
                                               Ансамбл „Акритес“ од Поликастро, Грција
                                               Ансамбл „Бојмија“, Гевгелија
                                               Градски плоштад                               21 ч.                  

СООПШТЕНИЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 
 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
   ГРАДОНАЧАЛНИК
 Бр. 08-2213
22.07.2010 год.
   Гевгелија

 

Предмет: СООПШТЕНИЕ

Факултетот за туризам и логистика останува во Гевгелија
Од 15 септември  годинава, студентите на Факултетот за туризам и логистика во Гевгелија, ќе ја продолжат наставата во Пионерскиот  дом, ова го најави ректорот на Универзитетот  „Гоце Делчев“ од Штип Сашо Митрев по средбата и разговорите со градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов. Во меѓувреме, уписот на новите студенти ќе се врши во просториите на Пионерскиот дом. Како што е познато, Советот на општина Гевгелија уште во март годинава донесе одлука за давање под долготраен закуп на првиот кат од овој објект, две канцеларии, гардероба и бифе во приземјето, како и заедничко користење на големата и мала сала. Се со цел, да им се овозможи на факултетот и неговите студенти нормално следење на наставата.
ТУРИСТИЧКИОТ ЦЕНТАР ОД ГЕВГЕЛИЈА НА САЕМ ВО ОХРИД
Дел од вработените во Туристичкиот информативен центар од Гевгелија,учествуваа на Меѓународниот саем за туризам во Охрид,во организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризам   на Република Македонија,а под покровителство на премиерот Никола Груевски.Темата разгледувана  на еднодневниот форум за туризам беше актуелна-Каде е местото на македонскиот туризам во светската туристичка понуда.
АТАНАС ПИЖОВ ГО ФАТИ КРСТОТ ЗА ВОДИЦИ ВО ГЕВГЕЛИЈА
Православните верници од општина Гевгелија вчера го прославија големиот христијански празник Богојавление-Водици.Овој празник е поврзан со крштевањето на Исус Христос од страна на свети Јован,кој оттогаш се нарекува Крстител,а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.Овој празник се нарекува уште и Водици,заради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден.
Restore Default Settings
Follow Us