По едномесечна пауза,манифестацијата на Министерството за култура,Топол културен бран продолжи во нашиот град.Вчера во центарот пред кафулето Корзо младите гевгеличани присуствуваа на концертот на забавна музика со пејачите Игор Узунов,Иле Спасев,Врчак,ДНК,Влатко Лозановски,Искра Трпева,Маријан Стојановски и Александар Тарабунов.
За утре е закажано гостување на Драмскиот театар од Скопје со претставата Стари Пријатели во режија на Слободан Деспотовски.Почетокот е закажан за 20 часот во салата на киното Култура а љубителите на драмсите претстави ќе може да уживаат во играта на Бранко Ѓорчев,Диме Илиев,Роберт Вељановски,Игор Стојчевски и Јелена Жугиќ.
| < Пред | Следно > |
|---|
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.



