Понеделник, Септември 06, 2010
   
Text Size

КОНКУРС за доделување на Наградата ,,7-ми Ноември,, на општина Гевгелија за 2009 година

Врз основа на член 3, став 2 од Одлуката за востановување и доделување на наградата ,,7-ми Ноември”, (,,Сл. Гласник на општина Гевгелија,, бр. 15/09) донесена од Советот на општина Гевгелија на 31.07.2009 година, Комисијата за доделување на награ-дата, распишува

КОНКУРС
за доделување на Наградата ,,7-ми Ноември,,
на општина Гевгелија за 2009 година

 


    1. Наградата ,,7-ми Ноември,, на општина Гевгелија се доделува на физички и правни лица како знак на признание на општина Гевгелија за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот, творештвото, што претставува посебен придонес за развојот на општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во државата и надвор од неа.
    2. Наградата за значајни остварувања во областите од точка 1, се доделува на физички и правни лица државјани на Република Македонија, жители на општина Гевгелија, односно со седиште во општина Гевгелија доколку се работи за правни субјекти.
    3. Наградата ,,7-ми Ноември,, може да се додели и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на општина Гевгелија.
    4. Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од 5 години (сметано до завршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период (за животно дело) кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.
    5. Наградата се состои од плакета (златна, сребрена) и паричен износ.
    6. Право на предлагање кандидати за Наградата имаат правни и физички лица - полнолетни граѓани, жители на општина Гевгелија и правни субјекти со седиште на подрачјето на општина Гевгелија.
    7. Предлогот за наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите – поединци треба да содржи и биографија.
    8. Кон предлогот за доделување на наградата за печатени дела и други изданија, се приложуваат и 2 (два) примерока од делото.
9. Конкурст трае од 07 – 16 октомври 2009 година.
        10. Предлагачот треба да ги наведе својот полн назив (име и презиме), адреса, телефонскиот број и маил-адреса.

    При предлагањето на кандидати за наградата, предлагачите задолжително треба да го користат (целосно да го пополнат) Формуларот за доставување предлози за Наградата ,,7-ми Ноември,, на општина Гевгелија кој е составен дел на Конкурсот и може да се подигне во општината или на веб сајтот на општина Гевгелија (www.gevgelija.gov.mk).
Предлозите се поднесуваат по пошта во три примероци до: Комисијата за доделување на Награда ,,7 Ноември,, на општина Гевгелија, ул. ,,Димитар Влахов,, бр. 4 Гевгелија или лично да се достават  во општината.


Бр. 07-2618/1                                 
06.10.2009 год.                                                
Гевгелија

 

Комисија за доделување
на наградата ,,7 Ноември,, 
претседател
Јанко Темелков с.р.
 
 
                  
 
 
 
 
www.gvg.com.mk
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.

Илиев Пром

10м2 монтажен киоск

info: 078323633

Простор за Ваша реклама

Простор за Ваша реклама

English German Greek Italian Albanian Macedonian

GVG Song of the week

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

32 133 ^ 1641'
Гевгелиско Културно Лето 2010

 

 

 

 

ЈУЛИ

23.07. 2010      ФОЛКЛОРНИ МЕРИДИЈАНИ                                                             
                         настапуваат КУД„Н. Ш. Зрински“ Пертијевци, Хрватска
                                               Ансамбл „Акритес“ од Поликастро, Грција
                                               Ансамбл „Бојмија“, Гевгелија
                                               Градски плоштад                               21 ч.                  

СООПШТЕНИЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 
 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
   ГРАДОНАЧАЛНИК
 Бр. 08-2213
22.07.2010 год.
   Гевгелија

 

Предмет: СООПШТЕНИЕ

Факултетот за туризам и логистика останува во Гевгелија
Од 15 септември  годинава, студентите на Факултетот за туризам и логистика во Гевгелија, ќе ја продолжат наставата во Пионерскиот  дом, ова го најави ректорот на Универзитетот  „Гоце Делчев“ од Штип Сашо Митрев по средбата и разговорите со градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов. Во меѓувреме, уписот на новите студенти ќе се врши во просториите на Пионерскиот дом. Како што е познато, Советот на општина Гевгелија уште во март годинава донесе одлука за давање под долготраен закуп на првиот кат од овој објект, две канцеларии, гардероба и бифе во приземјето, како и заедничко користење на големата и мала сала. Се со цел, да им се овозможи на факултетот и неговите студенти нормално следење на наставата.
ТУРИСТИЧКИОТ ЦЕНТАР ОД ГЕВГЕЛИЈА НА САЕМ ВО ОХРИД
Дел од вработените во Туристичкиот информативен центар од Гевгелија,учествуваа на Меѓународниот саем за туризам во Охрид,во организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризам   на Република Македонија,а под покровителство на премиерот Никола Груевски.Темата разгледувана  на еднодневниот форум за туризам беше актуелна-Каде е местото на македонскиот туризам во светската туристичка понуда.
АТАНАС ПИЖОВ ГО ФАТИ КРСТОТ ЗА ВОДИЦИ ВО ГЕВГЕЛИЈА
Православните верници од општина Гевгелија вчера го прославија големиот христијански празник Богојавление-Водици.Овој празник е поврзан со крштевањето на Исус Христос од страна на свети Јован,кој оттогаш се нарекува Крстител,а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.Овој празник се нарекува уште и Водици,заради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден.
Restore Default Settings
Follow Us