Во ден 15-16.10.2009 Центар за поддршка НВО – Гевгелија организира две еднодневни работилници на тема: „Примена на техниките за енергетска ефикасност“. Работилниците се е дел од проектот „Гевгелија-енергетски ефикасна општина“ финансиран од Центар за поддршка НВО – Гевгелија, Општина Гевгелија и Глобален еколошки фонд (ГЕФ), Програма за мали грантови.
Цел на работилниците беше учесниците да се стекнат со теоретски и практични знаења за енергетската ефикасност и како да се заштеди енергијата во секојдневната работа со примена на техники на енергетска ефикасност. Првата работилница беше организирана во просториите на Центар за поддршка НВО – Гевгелија каде учесниците беа запознаени со темите: Енергетска ефикасност во приватни и јавни објекти, Обновливи извори на енергија, Сонцето како алтернативен извор на енергија, Креирање на локални политики за енергетска ефикасност и Основање на мали бизниси.
Првиот ден беа присутни вкупно 35 учесника, претставници на образовни институции од општините Гевгелија, Валандово и Богданци, НВОи и јавни институции.
Втората работилница беше организирана во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“ каде учесниците имаа практична обука за поставување на силиконски ленти, практична обука за ЦФЛ светилките и реализираа обиколка на објектот и презентирање на можни мерки за енергетска ефикасност. На оваа практична работилница присуствуваа 50 учесника, претставници на образовни институции од општините Гевгелија, Валандово и Богданци, НВОи , јавни институции и претставници на локалната власт.
Обучувач на работилниците беше Илија Саздовски од ЗГ „Проактива“ од Скопје.
www.gvg.com.mk

| < Пред | Следно > |
|---|
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.