Четврток, Септември 09, 2010
   
Text Size

Одземени предмети кои потекнуваат од археолошкиот локалитет „Вардарски рид„ и „Сува Река„ Гевгелија

Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи-Гевгелија по претходни оперативни сознанија  и обезбедена   наредба од Основниот суд во Велес на 03.12.2009 година, изврши претрес во куќата и помошните  простории  на   лицето И.Д  (51) од Гевгелија .
При извршениот претрес пронајдени се: 42 бронзенуи монети од кои 39 монети од античко-македонски период и 3 монети од рано-римски период, 1 бронзен торквес, 1 бронзена белегзија, 1 керамички ехимус, 1 керамичка чаша, 1 керамичка светилка, 1 статуета на Хиеродула, 4 керамички глави на женски фигури, 1 керамичка глава апликација, 5 керамички пршлени, 1 базен прстен од ихтија и 23 керамички тегови.
По првично известување од музејот во Гевгелија предметите потекнуваат од археолошкиот локалитет „Вардарски рид„ и месноста „Сува Река„ Гевгелија.
Од страна на полициски службеници при НК-КР Гевгелија пронајдените предмети со Потврда за привремено одземени предмети се одземени од И.Д против кого по целосно докоментирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.
    Инаку И.Д и претходно кривично е пријавуван за кривични дела кражби и тешки кражби а воедно и прекршочно е казнуван за нарушувања на ЈРМ.


                                                                                                                           
                                                                                 СВР-Струмица
                                                                Канцеларија за односи со јавноста www.gvg.com.mk
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.

Илиев Пром

10м2 монтажен киоск

info: 078323633

Простор за Ваша реклама

Простор за Ваша реклама

English German Greek Italian Albanian Macedonian

GVG Song of the week

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

32 133 ^ 1644'
Restore Default Settings
Follow Us