Негорци,и оваа година го оправда епитетот кој години наназад го одржува,како место каде за празникот Бадник горат највисоките и најубави огнови.Единаесетта година по ред,вредните организатори на Бадниковата манифестација,на три локации ја одржуваат традицијата,со оган да го најавуваат раѓањето Христово.
Сепак најинтересно и највесело е на локацијата во близина на излезот на селото,каде и оваа година,и покрај студеното и дождливо време,се собраа голем број жители од ова село,од општината па и од други краеви на Македонија.Беа и оваа година присутни телевизиските екипи на А1 и Телма кои неколку години наназад испраќаат извештаи за највисокиот бадников оган во Македонија.Церемонијата започна со црковен благослов и палење на оганот за да продолжи до доцна во ноќта со варена ракија,детски коледарски песни ,вкусно јадење и весело оро македонско.
| < Пред | Следно > |
|---|
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.



