Понеделник, Септември 06, 2010
   
Text Size

ГЕВГЕЛИЈА СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД БИСТАТА НА ЃОРЕСКИ

Поминаа две тажни години од оној кобен 12 јануари,кога хеликоптерот на АРМ на РМ,во кој беа 11 македонски мировници,се урна околу 9 и 30 часот во близина на аеродромот Петровец.Македонските војници се враќаа после 6 месеци од мировната мисија во БИХ.Се вратија во својата Македонија,но за жал никогаш не успееја да ги пречекорат праговите на своите домови и да ги прегрнат своите најблиски.Во таа несреќа загина и нашиот сограѓанин,пилот –капетан Игор Ѓорески.  Гевгелија и оваа година се поклони пред бронзената биста на човекот кој пленеше со својата дружељубивост,енергија и срдечна насмевка.Свежо цвеќе положија неговите најблиски,на кој тој најмногу му недостасува,градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов со своите соработници,Сојузот на борците на Гевгелија,делегација на АРМ на РМ,неговите другари,како и многубројни гевгеличани.Животот на Игор трагично заврши,но остануваат спомените и сеќавањата,како вечен потсетник на идните генерации. www.gvg.com.mk
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.

Илиев Пром

10м2 монтажен киоск

info: 078323633

Простор за Ваша реклама

Простор за Ваша реклама

English German Greek Italian Albanian Macedonian

GVG Song of the week

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

32 133 ^ 1641'
Гевгелиско Културно Лето 2010

 

 

 

 

ЈУЛИ

23.07. 2010      ФОЛКЛОРНИ МЕРИДИЈАНИ                                                             
                         настапуваат КУД„Н. Ш. Зрински“ Пертијевци, Хрватска
                                               Ансамбл „Акритес“ од Поликастро, Грција
                                               Ансамбл „Бојмија“, Гевгелија
                                               Градски плоштад                               21 ч.                  

СООПШТЕНИЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 
 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
   ГРАДОНАЧАЛНИК
 Бр. 08-2213
22.07.2010 год.
   Гевгелија

 

Предмет: СООПШТЕНИЕ

Факултетот за туризам и логистика останува во Гевгелија
Од 15 септември  годинава, студентите на Факултетот за туризам и логистика во Гевгелија, ќе ја продолжат наставата во Пионерскиот  дом, ова го најави ректорот на Универзитетот  „Гоце Делчев“ од Штип Сашо Митрев по средбата и разговорите со градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов. Во меѓувреме, уписот на новите студенти ќе се врши во просториите на Пионерскиот дом. Како што е познато, Советот на општина Гевгелија уште во март годинава донесе одлука за давање под долготраен закуп на првиот кат од овој објект, две канцеларии, гардероба и бифе во приземјето, како и заедничко користење на големата и мала сала. Се со цел, да им се овозможи на факултетот и неговите студенти нормално следење на наставата.
ТУРИСТИЧКИОТ ЦЕНТАР ОД ГЕВГЕЛИЈА НА САЕМ ВО ОХРИД
Дел од вработените во Туристичкиот информативен центар од Гевгелија,учествуваа на Меѓународниот саем за туризам во Охрид,во организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризам   на Република Македонија,а под покровителство на премиерот Никола Груевски.Темата разгледувана  на еднодневниот форум за туризам беше актуелна-Каде е местото на македонскиот туризам во светската туристичка понуда.
АТАНАС ПИЖОВ ГО ФАТИ КРСТОТ ЗА ВОДИЦИ ВО ГЕВГЕЛИЈА
Православните верници од општина Гевгелија вчера го прославија големиот христијански празник Богојавление-Водици.Овој празник е поврзан со крштевањето на Исус Христос од страна на свети Јован,кој оттогаш се нарекува Крстител,а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.Овој празник се нарекува уште и Водици,заради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден.
Restore Default Settings
Follow Us