Понеделник, Септември 06, 2010
   
Text Size

АТАНАС ПИЖОВ ГО ФАТИ КРСТОТ ЗА ВОДИЦИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Православните верници од општина Гевгелија вчера го прославија големиот христијански празник Богојавление-Водици.Овој празник е поврзан со крштевањето на Исус Христос од страна на свети Јован,кој оттогаш се нарекува Крстител,а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.Овој празник се нарекува уште и Водици,заради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновување на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и дух.Ваков водосвет беше извршен вчера пред многуилјадните верници од општината,од страна на свештениците од гевгелиската епархија.Како и секоја година и оваа,по осветувањето на водите на Вардар-македонскиот Јордан,во студените води на реката беше фрлен осветениот крст.По него скокнаа дваесеттина млади верници,но само Атанас Пижов имаше среќа да го фати крстот,за кој се верува дека на оној кој ќе го извади од водите,ќе му донесе среќа,здравје и радост.Атанас Пижов е од Миравци,вработен во Валандово а оваа година за прв пат скока во водите на реката Вардар во Гевгелија.На најсреќниот, благослов за среќа,радост и успех му упатија свештениците од гевгелиската епархија,инаку организатори на настанот,додека градоначалникот на општина Гевгелија,Иван Франгов,традиционално му врачи телевизор и притоа нему и на сите граѓани на општина Гевгелија им посака многу среќа,здравје и успех во новата 2010 година. www.gvg.com.mk
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.

Илиев Пром

10м2 монтажен киоск

info: 078323633

Простор за Ваша реклама

Простор за Ваша реклама

English German Greek Italian Albanian Macedonian

GVG Song of the week

You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.

32 133 ^ 1641'
Гевгелиско Културно Лето 2010

 

 

 

 

ЈУЛИ

23.07. 2010      ФОЛКЛОРНИ МЕРИДИЈАНИ                                                             
                         настапуваат КУД„Н. Ш. Зрински“ Пертијевци, Хрватска
                                               Ансамбл „Акритес“ од Поликастро, Грција
                                               Ансамбл „Бојмија“, Гевгелија
                                               Градски плоштад                               21 ч.                  

СООПШТЕНИЕ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 
 ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
   ГРАДОНАЧАЛНИК
 Бр. 08-2213
22.07.2010 год.
   Гевгелија

 

Предмет: СООПШТЕНИЕ

Факултетот за туризам и логистика останува во Гевгелија
Од 15 септември  годинава, студентите на Факултетот за туризам и логистика во Гевгелија, ќе ја продолжат наставата во Пионерскиот  дом, ова го најави ректорот на Универзитетот  „Гоце Делчев“ од Штип Сашо Митрев по средбата и разговорите со градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов. Во меѓувреме, уписот на новите студенти ќе се врши во просториите на Пионерскиот дом. Како што е познато, Советот на општина Гевгелија уште во март годинава донесе одлука за давање под долготраен закуп на првиот кат од овој објект, две канцеларии, гардероба и бифе во приземјето, како и заедничко користење на големата и мала сала. Се со цел, да им се овозможи на факултетот и неговите студенти нормално следење на наставата.
ТУРИСТИЧКИОТ ЦЕНТАР ОД ГЕВГЕЛИЈА НА САЕМ ВО ОХРИД
Дел од вработените во Туристичкиот информативен центар од Гевгелија,учествуваа на Меѓународниот саем за туризам во Охрид,во организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризам   на Република Македонија,а под покровителство на премиерот Никола Груевски.Темата разгледувана  на еднодневниот форум за туризам беше актуелна-Каде е местото на македонскиот туризам во светската туристичка понуда.
АТАНАС ПИЖОВ ГО ФАТИ КРСТОТ ЗА ВОДИЦИ ВО ГЕВГЕЛИЈА
Православните верници од општина Гевгелија вчера го прославија големиот христијански празник Богојавление-Водици.Овој празник е поврзан со крштевањето на Исус Христос од страна на свети Јован,кој оттогаш се нарекува Крстител,а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.Овој празник се нарекува уште и Водици,заради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден.
Restore Default Settings
Follow Us