Дел од вработените во Туристичкиот информативен центар од Гевгелија,учествуваа на Меѓународниот саем за туризам во Охрид,во организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризам на Република Македонија,а под покровителство на премиерот Никола Груевски.Темата разгледувана на еднодневниот форум за туризам беше актуелна-Каде е местото на македонскиот туризам во светската туристичка понуда.
За таа цел се дебатираше за тоа кои се клучните елементи на Македонската туристичка промоција,што треба Македонија да направи за привлекување на странските туристи,субвенционирање на странските тур оператори,како и презентација на странски фондации кои спроведуваат програми за развој на туризмот во Македонија.Саемот беше искористен на странските тур оператори да им се презентираат можностите на нашиот регион за развој на сите видови на туризам,почнувајќи од традиционалниот,преку алтернативниот,планинскиот, бањскиот,езерскиот,гастрономскиот и завршувајќи со казино туризмот.
| < Пред | Следно > |
|---|
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.


