Понеделник, Септември 06, 2010
   
Text Size

КК Кожуф прв започнува со натпревари во 2010

КК Кожуф е првата Гевгелиска екипа која ќе игра натпревар во 2010. Иако младите кошаркари загубија во 1/4 финалето од купот на Македонија, сепак пред нив се наоша добра сезона бидејќи во групата А се на 3то место во лигата под 20 години. А сениорите на КК Кожуф викендов започнуваат со КК Милениум од Струмица, треба да победат со најмалку 7 разлика, за во случај понатаму да се со ист број на поени да бидат подобро пласирани. КК Кожуф заостанува само со 2 бода зад првопласираните екипи и има реални шанси за од есента да ги гледаме во првата кошаркаска лига.
      ЖРК Гевгелија исто така започна со тренинзи, засега е највено едно засилување од екипата на Вардар. ЖРК Гевгелија е единствениот тим кој не би требало да има проблеми во изборувањето на пласман во супер лигата. Ракометарката на ЖРК Гевгелија Наде Трајковска е повикана за припремите на женската репрезентација и е единствената од првата лига која е повикана.
      ФК Кожуф ќе има мачна година. И покрај најавите за консолидирање на редовите во клубот, сепак засега не станува ни збор за доаѓање на нови фудбалри, туку и на тие малкумина што беа до крајот на минатата година се поверојатно е дека нема да играат. Моментално тренираат нешто помалку од 10ина фудбалери и тоа повеќето се од младинско-кадетската категорија. ФК Кожуф речиси доби нешто повеќе од 1/3 од вкупниот буџет наменет за тимовите во општината, а тоа е приближно 33 000 евра, дали и овој пат ќе видиме несоодветно управување со парите, и дали клубот ќе го доживее својот најголем страм од поновата историја а тоа е да падне во општинска лига ќе дознаме многу наскоро. Сепак жалосно е најстариот клуб, од најпопуларниот спорт во светот да ги живее најтешките години од своето постоење. Сепак времето ќе покаже дали оние кои се на чело на клубот навистина заслужуваат да го водат еден од најстарите клубови во Македонија.
www.gvg.com.mk
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.

Илиев Пром

10м2 монтажен киоск

info: 078323633

Простор за Ваша реклама

Простор за Ваша реклама

Restore Default Settings
Follow Us