Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија до ОЈО-Велес на ден 15.02.2010 година ќе поднесе кривична пријава против А.В (34) од Гевгелија, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „Разбојништво во обид„ од КЗ на РМ.
На ден 14.02.2010 година околу 19,00 часот од страна на пријавениот кој бил маскиран со капа и марама во продавница „Жан Пром Компани„ во Гевгелија се заканил со нож над вработената С.Т барајќи да му ги даде парите од каса. Вработената почнала да го повикува својот син на помош кој бил во близина. По повикот од вработената пријавениот се откажал од намерата и почнал да бега, но во меѓувреме синот од вработената Д.Т (26) излегол од соседната просторија и го пресретнал на улицата по што во обид да го задржи сторителот настанало борење помеѓу нив. Притоа сторителот со ножот кој го држел во раката му нанел полесни повреди во пределот на лицето и левата дланка. Синот од вработената успеал да му го земе ножот , но не успеал да го задржи сторителот.
Од страна на полициски службеници при НК за КР во Гевгелија по пријавување на случајот се превземени мерки за откривање и пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
Инаку се работи за лице познато на службата за вршење на тешки кражби и разбојништва, истиот во моментот бил на издржување казна затвор во Затвор Гевгелија, осуден на 6 години затвор од кои 5 години затвор веќе издржал во КПД Идризово, пуштен на викенд.
Канцеларија за односи со јавноста
при СВР-Струмица
www.gvg.com.mk

| < Пред | Следно > |
|---|
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.