За сите оние кои уживаат во звуците на класичната музика во хотелот Аполонија во Вторник 23 Фебруари 2010 со почеток во 19 часот ќе се одржи концерт виолини и пијано: “ВЕЧЕР НА ВИРТУОЗНИ МИНИЈАТУРИ“ од класата проф. Олег Кондратенко. Ова е втор концерт од манифестацијата Гевгелиска Пролет 2010, која оваа година ја одбележува својата 10 годишница.
Концертите оваа година имаат еден заеднички повод – 200 години од раѓањето на Фредерик Шопен. На програмата ќе имаме можност да ги видиме виолинистите Симон Поповски, Мартин Димитров, Виктор Ангелов и Софија Никовска со пијано придружба на проф. Елена Атанасовска. Генерален покровител на Гевгелиските Музички Моменти е Фондацијата Аполонија, а оваа година овие настани се поддржани и од Министерството за Култура.
www.gvg.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.