Четврток, Септември 09, 2010
   
Text Size

За тебе љубов моја

 На 04.03.2010 во хотел „Нар“ се одржа 12 Поетско-музичка вечер „За тебе љубов моја“. Во организација на Библиотеката од Гевгелија пред многубројната публика и оваа година беа презентирани стихови и песни од роднокрајни автори. На манифестацијата беа доделени и наградите од литературниот конкурс што го распиша Библиотеката . Првото место му припадна на Стефан Марковски за поетската творба „Раѓање на насмевката“. Инаку манифестацијата годинава имаше видоизменет карактер. Беа претставени четири поети од Гевгелија со нивното творештво, а преку видео филмови беше прикажана влијателноста на жената и нејзината улога низ историјата. Во музичкиот дел, манифестацијата понуди млади изведувачи кои првпат се појавуваат пред публиката во Гевгелија. Вистинско изненадување и откритие на манифестацијата беше младата Теодора Гошева, која на своевиден начин ја испеа својата композиција. Единствениот проблем со кој се соочи организаторот беше просторот, којшто беше премал за да ја собере целата публика. www.gvg.com.mk
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.

Илиев Пром

10м2 монтажен киоск

info: 078323633

Простор за Ваша реклама

Простор за Ваша реклама

Restore Default Settings
Follow Us