Четврток, Септември 09, 2010
   
Text Size

8 Март

Денеска е 8 Март,меѓународен ден на жената.Точно пред сто години,на денешен ден,1910 година,на втората конференција на жените –социјалисти се донесе одлука Осми март да се прогласи за Меѓународен ден на жените.Иницијативата ја даде Клара Цеткин,во сеќавање на демонстрациите на Американките од Чикаго,кои на овој ден 1903 година бараа да добијат право на глас во политичкиот живот.
Денес жените го имаат тоа право,еднакви се со мажите на сите полиња,незаменлив дел се од воспитувањето на децата во семејствата,успешни се директори,бизнисмени,раководители,уметници,културни и спортски работници.

Празникот остана само како далечно ехо на едно минато време и полека се претвори во парада на кичот и пијанството.Човек не знае дали 8 март е празник на жената или на балканскиот мажјак,кој ,под оправдувањето на овој празник,добива прилика да ги покаже своите кафански способности.Затоа ,драги наши гевгеличани,немојте да го чекате само 8 март за да се сетите на своите жени,мајки,девојки,пријателки.Правете го сите 365 дена во годината.Жената тоа го заслужува.А,ние бидејќи не можеме да им подариме на сите гевгеличанки по една роза,нека оваа песна на нашиот сограѓанин Лука Гацоски биде нашата честитка по повод празникот.

Осми март е празник
На сите наши мајки
За осми март се пеат и кажуваат
Најубави песни и бајки

На осми март топли
Бакнежи се разменуваат
За осми март свечени
Подароци се даруваат

За осни март домовите
Свечено се украсуваат
Сите мајки на осми март
По цел ден лудуваат. www.gvg.com.mk
Ве молам регистрирајте се или логирајте се, за да го додадете вашиот коментар кон оваа статија.

Илиев Пром

10м2 монтажен киоск

info: 078323633

Простор за Ваша реклама

Простор за Ваша реклама

Restore Default Settings
Follow Us