Оваа сабота и недела во спортската сала 26 април во Гевгелија се одиграа натпреварите од четвртфиналната група Д во рамките на Купот на Македонија во ракомет за жени.Првиот ден екипата на домаќинот Гевгелија ја совлада екипата на Ѓорче од Скопје со 30:24,додека прилепчанките Жито Прилеп беа поуспешни од екипата Кастратовиќ од Скопје,совладувајќи ги со 28:23.
Во неделниот натпревар,кој решаваше кој ќе оди во полуфиналето,се сретнаа екипата на Гевгелија ,која се натпреварува во првата македонска лига и,и суперлигашот Жито Прилеп.Младите ракометарки на Гевгелија се надминаа себе си и со помош на френетичното навивање на публиката,на крајот славеа со 32:28,полувреме 17:15,со што се стекнаа со право во мај месец да играат во полуфиналните средби на македонскиот ракометен куп за жени.Ќе биде ова голем поттик за младите гевгелиски ракометарки,во продолжение на натпреварите во првата македонска ракометна лига,да го освојат првото место и до година да станат суперлигаши.
www.gvg.com.mk