|
Креирано од gvg, December 20, 2008
Потребни Состојки:
- 270 гр чоколадо за готвење - 400 мл слатка павлака - 4 лажици прав шекер - 100 гр путер - 6 жолчки - 70 гр брашно - 20 гр мелени излупени бадеми - 7 белки - 100 гр шекер - 340 гр пире од костени - 10 варени костени - 1 лажица какао - Гранчиња рибизни за декорација Подготовка: 1. Искршете и стопете на тивок оган 200 гр. чоколадо со 200 мл. павлака и 3 лажици шеќер. Истурете го во чинија и оставете го во замрзнувач преку ноќ. 2. На пареа истопете го путерот со преостанатото чоколадо, па почекајте да се олади. Додајте ја една по една жолчката, потоа брашното, мелените бадеми и добро промешајте. Изматете снег од белките со шеќерот и додајте ги во смесата. Обложете правоаголен сад со хартија за печење и сипете го тестото со дебелина од 1 цм. Печете околу 15-20 минути на 180 степени. Извадете го од рерна, покријте со влажна крпа и свиткајте го во ролат. 3. Изматете ја преостанатата павлака, додајте го пирето од костени, какаото, преостанатиот прав шекер, исецканите костени и ставете во замрзнувач. Отворете го ролатот, намачкајте го со кремот и повторно завиткајте го. Промешајте го чоко-кремот кој го оставивте во замрзнувач и премачкајте го ролатот па украсете со рибизли. |
Состојки
Начин на готвење
Вид





